• петок, 05 декември 2025

Средба на Гаши со нерезидентниот амбасадор на Саудиска Арабија, Фаисал Гази Исмаил Хифзи 

Средба на Гаши со нерезидентниот амбасадор на Саудиска Арабија, Фаисал Гази Исмаил Хифзи 

Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се сретна со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Република Северна Македонија, соопшти собраниската прес-служба. 

Гаши потенцирал дека особено ја цени улогата на парламентарната дипломатија, клучен механизам за продлабочување на билатералните односи и затоа ја реафирмираше потребата од  поблиска соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и парламентот (Шура) на Кралството Саудиска Арабија.

Тој истакнал дека во Собранието во неколку последователни мандати се формира Пратеничка група за соработка со парламентите од земјите на Блискиот Исток и Арапскиот Залив. 

Амбасадорот Фаисал Гази Исмаил Хифзи, пак, истакнал, дека во иднина очекува акцентот на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија да биде ставен на зајакнување на економската соработка со потпишување на повеќе билатерални договори во областа на инвестициите, слободната трговија и цивилната воздушна пловидба. 

Двајцата соговорници искажале големо задоволство од средбата и истакнаа дека пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнуваат и унапредуваат доколку се олесни визната политика меѓу двете држави. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан